Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово досега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Според последните информации 15 училишта во Македонија, од кои најголем број во Скопје, утринава добиле закани за поставени бомби.
-Дo сега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (до сега три училишта), Прилеп ( до сега две училишта), Тетово (до сега две училишта), Скопје (седум училишта) и едно училиште во струшко Подгорци е упатена закана за поставена експлозивна направа, велат од МВР според досегашните информации со кои располагаат.
Од Министерството информираат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.