Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција потенцираше дека во државата изминативе 12 месеци имало непречено снабдување со електрична енергија и непречно снабдување со храна, а немало ценовен шок за граѓаните.

-Никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата. Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата, за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи како и за замена на ПВЦ алуминиумски прозорци. Со ваквите инвестиции со обновливите извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја но и да имаат заштеда во време на криза, рече Ковачевски.

Најважно е, како што рече, да се заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

-Во изминативе 12 месеци се вложивме максимално. Донесовме навремени, таргетирани, антикризни мерки за поддршка на граѓаните и стопанството и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард, додаде Ковачевски.