Деновиве во поголемите маркетиима намалување на цените на производите, па така лебот кој чинеше 20 до 25 денари поскапе неколку пати, а сега може да се најде поевтинет за 37 до 40 денари, слично е и со маслото за јадење кое сега може да се најде и за 115 денари.

Како што објавија провладини медиуми „тоа е драстично поевтино од изминатиот период кога лебот достигна и 60 до 70 денари, а маслото 160 денари за литар“.

Слично е и со намалените цени на месото и сувомеснатите производи, кои драстично поскапеа, а сега може да се најдат малку поевтини.

Но, дури и провладините медиуми, пишуваат дека „и овие намалувања се далеку од цените по кои треба да се продаваат производите“. Тие имаат „утеха за потрошувачите“ дека првите ефекти треба да се очекуваат од втората половина на месецов.

Тоа се очекува откако Владата воведе поевтина струја за над 200 фирми од прехранбената индустрија кои произведуваат основни продукти. Овие компании од почетокот на декември плаќаат 80 евра за мегаватчас и нема да зависат од секојдневните поместувања на берзанска цена на струјата.