Жителите на најголемиот турски град Истанбул денеска повторно избираат градоначалник.

Изборите се одржуваат откако резултатите од претходното гласање одржано на 31 март беа поништени. На тие избори со мало мнозинство победи кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу.

Неговиот противкандидат е поранешниот премиер Бенали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Имамоглу ја извршуваше градоначалничката функција 18 дена, а по низа жалби од АКП, Централната изборна комисија го поништи гласањето со образложение за неправилности.