Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.
Според новите податоци, во вкупното попишано население има 19.645 граѓани кои имаат и македонско и бугарско државјанство, според она што го декларирале пред попишувачите. Во вкупното население има само 165 граѓани кои имаат бугарско државјанство, а немаат македонско.
Интересно е што има и голема заедница со македонско и српско државјанство – 10.909. Со пасош од Косово има 2.393 попишани.
Хрватско државјанство имаат 3.819 лица, германско имаат 804, додека италијанско имаат 1.406-мина кои наедно имаат македонско државјанство. Такви има 208 со холандско, 349 со полско, 103 со норвешко, 269 со руско, 1.040 со словенечко.
443 се граѓани и на Шведска, а 1.114 на Швајцарија. 766 се Турци, а пасош на САД имаат 1.937 попишани.