Еве како се бришат сите што се изјасниле како Македонци во Бугарија и се запишуваат како Бугари, пишува под факсимил од документ кај нашата соседна земја, објавен на социјалните мрежи.
– Еве како се бришат сите оние кои се изјасниле за Македонци и Бугарија ги запишува како Бугари. Без разлика дали е тоа попис или друг државен документ, пишува во објавата на Фејсбук од ОМО Илинден Пирин.
Вакви и слични документи често се објавуваат на социјалните мрежи, како и аудио сведоштва од Македонци на кои им бил менуван идентитетот. Едно од таквите сведоштва може да погледнете и во краткото видео кое може да го отворите ТУКА.
(Д.Г.)