Поранешниот министер за финансии и претседател на Собранието, Никола Поповски вели дека претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров дозволуваат да бидат изманипулирани од странските лидери.
– Стево, Емануел ве лаже кога ви кажува дека не мисли на нас дека не ни е местото во ЕУ. Тој токму тоа го мисли и го кажа неколку пати во влијателни медиуми што уште може да се прочита и го покажа недвосмислено кога требаше. Никола, (Димитров) Хајко Мас не е искрен кога ти кажува „дека може да се потпрете на Германија“. Ако помните, вие се потпревте на Германија кога Ангела Меркел сред Скопје ви вети пристапни преговори доколку го прифатите и спроведете Преспанскиот договор. Но, не испорача, а доколку не може да испорача не требаше ниту да ветува. Барем не Германија и не Меркел. Полека малку …многу наивно и великодушно разговарате и преговарате со докажано неискрени и препредени ликови и земји, им порача Поповски на Пендаровски и Димитров.
Поповски сега е професор на ФОН и в.д. главен извршен директор на Развојна банка на Македонија назначен од актуеланата Влада.