Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека решавањето на спорот за името со Грција не бил услов за членство во НАТО, во интервју за „Дојче Веле“.

Мицкоски рече дека членството во НАТО е работа која што е започната од многу порано, уште во 2008 година.

На новинарското прашање дека услов за членство во НАТО беше решавање на спорот за името, нешто што Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг постојано го повторуваше, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори:

– Не би рекол дека тоа беше услов, рече Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто вели ако добие 80 пратеници и ако има Бадентерово мнозинство, подготвени се за промена на Договорот од Преспа.

– Нашиот став го знаете. Имаме ли 80 пратеника, има ли Бадентерово мнозинство, ние сме подготвени и се отвора можноста за чекор назад, тоа сум го кажал и тука нема и не треба да има дилема, вели Мицкоски.