Почестен сум што добив примерок од книгата „Солза“ на младата Марија Јанчевска, објави денеска претседателот Стево Пендароски.
– Креативноста на децата може да се преточи во дела, само со поддршка од возрасните. Тие треба да знаат дека во секое време можат да се потпрат на некого. Почестен сум што добив примерок од книгата „Солза“ на младата Марија Јанчевска, која исто така е актерка и дел од меѓународниот инклузивен драмски фестивал #ИгриБезМаска, објави Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Ваква популистичка фотографија нема да им куртули на политичките аналитичари кои веднаш ќе забележат дека е одлична за втор мандат. Под услов ако во меѓувреме Пендаровски не се исели, како што објави пред неколку дена на форумот во соседна Србија.