Аеродромот во Катанија, вториот по големина град на Сицилија, почна со работа изутринава, откако вчера беше затворен поради ерупцијата на вулканот Етна.
Компанијата која управува со аеродромот соопшти дека аеродромот е повторно отворен во 6 часот изутринава и им препорача на патниците да ги проверат своите летови кај авиокомпаниите, пренесуваат италијанските медиуми.
На аеродромот во Катанија вчера беа откажани или пренасочени сите летови.