На иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ, Советот за национална безбедност на Србија претпладнево одржува итна седница поврзана со состојбата во Косово.
Како што претходно најави РТС, на седницата се разговара за тоа како да се заштитат српските интереси и народ во Косово и се разгледува и актуелната безбедносна ситуација.
Во Србија Советот за национална безбедност е тело на чии седници се разгледуваат прашања и се носат решенија од областа на одбраната, внатрешните работи и дејноста на службите за безбедност, состојбата на Косово, борбата против организираниот криминал, мигрантите и други безбедносни теми.
Членови на советот се претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за правда, началникот на генералштабот на Војската на Србија и директорите на безбедоносно-разузнавачките служби – БИА, ВБА и ВОА