Неколку илјади цивили избагаа од руската офанзива во североисточна Украина, соопштија денеска локалните власти.
Најмалку 4.000 цивили избегаа од регионот на Харков од петокот, кога руските сили започнаа нова офанзивна операција, се вели во соопштението на гувернерот Олех Синјехубов. Борби се водат долж целата линија на североисточниот фронт, каде руските сили нападнаа 27 населени места во последните 24 часа, додаде Синјехубов.
Интензивните борби принудија најмалку една украинска единица да се повлече од Харковскиот регион, давајќи им повеќе простор на руските сили во помалку одбранетите населби, во таканаречената спорна „сива зона“, долж руско-украинската граница.
Воените аналитичатри оценуваат дека оваа нова руска офанзива има за цел да го искористи недостатокот на муниција на Украина, пред да пристигне ветената воена помош од Западот.