Новата десничарска влада, која дојде на власт со јасни антиимигрантски ставови, не отстапува од курсот. Италијанскиот вицепремиер, Луиџи Ди Мајо предупреди дека Италија може да ги стопира финансиските контрибуции во буџетот на ЕУ доколку земјите-членки не се согласат да преземат бегалци заглавени во брод на Сицилија.
„Ако до утре ништо не се случи во Европската комисија која ќе разговара за редистрибуција на мигрантите (вкупно 177) од бродот Дичиоти, Пет ѕвезди и јас нема да даваме 20 милијарди евра секоја година за ЕУ“, вели Ди Мајо во видео поставено на Фејсбук, додавајќи дека тој ова го кажува како лидер на партијата Движење пет ѕвезди.
Тој притоа истакнува дека „мекиот приод“ не дава резултати, така што тврдата линија ќе биде со запирање на уплатите.