Американската војска соопшти дека извршила „вонреден“ лет над Украина, согласно Договорот за отворено небо, со цел да ја потврди посветеноста кон земјата откако Русија заплени три украински брода кај Крим. Прелетот е извршен во момент додека украинскиот Парламент симболично раскина договор за пријателство и соработка со Русија.
„Рускиот напад на украинските бродови во Црното Море кој не беше испровоциран, е опасна ескалација во рамки на се провокативните и заканувачки активности “, соопшти Пентагон.
САД сакаат подобри односи со Русија, но тоа не може да се случи доколку продолжат незаконските и дестабилизирачки акции во Украина и во другите подрачја, се наведува во соопштението.