Поранешната сопруга на Џони Деп го смени името и се пресели во Европа

/ 25.02.2025

Американската актерка Амбер Херд започна нов живот во Мадрид по турбулентниот период и разводот од актерот Џони Деп, со кого беше на суд, пишува Euroweekly News.

Таа наводно го променила своето име во Марта Џејн Канари, вистинското име на Каламити Џејн, познатата каубојка од Дивиот Запад.

Се претпоставува дека тоа го направила заради анонимност, а жителите на Мадрид велат дека често ја гледаат како шета низ паркови и игралишта, како пие кафе и го поминува времето со нејзината ќерка Уна Пејџ.

Оние кои ја виделе наоколу ја опишуваат како пријателска, пристапна и опуштена жена.

Засега не се знае дали планира да се врати на актерството или да проба нешто сосема ново, пренесува порталот.


Од истата категорија