Претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека на Киев му е потребен „студен мир“ и оти луѓето се уморни од војната.

– Секако потребен ми е мир со Русија, Студен, но мир. Луѓето се уморни од војната. Руската пропаганда игра на ова болна емоција. Темата за војна и мир е една од главните на изборите, бидејќи народот нема да избира само претседател, туку и врховен командант, истакна Порошенко.

Тој додаде дека Киев ќе продолжи да инсистира на решавање на судирите во Донбас со политички и дипломатски средства.

– Ќе ја продолжиме политиката на обнова на територијален интегритет на Украина со политички и дипломатски средства, обезбедувајќи единство на проукраинските коалиции во светот и во Европска унија со помош на иструментот санкции и механизмот на мисијата на Обединети нации на цела окупирана територија Донбас. Во нашата земја сигурно ќе дојде прав мир и само ефиканска војска може да гарантира мир, посочи Порошенко.

Тој додаде дека во следните пет години приоритет на властите ќе биде модернизација на војската и снабдување со современо оружје.

Порошенко најави и дека повторно ќе се кандидира за претседател на Украина на изборите што се закажани на 31 март.