Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека предложил Парламентот да прогласи воена состојба откако Русија нападна украински воени бродови.
Предлогот за воведување воена состојба беше од Воениот комитет кој побара таков чекор од Советот за национална безбедност. Тие денска имаа вонредна средба заради ситуацијата во Азовското Море.
Претседателот на Советот, Александар Тучинов нагласи дека воениот комитет е со став дека инцидентите во Азовското Море се акт на воена агресија.