Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека предложил Парламентот да прогласи воена состојба откако Русија нападна и заплени три украински воени бродови во Црното Море.
Предлогот за воведување на воена состојба беше од Воениот комитет кој побара таков чекор од Советот за национална безбедност.

СБ предложил воведување воена состојба за 60 денови во која нема да има прогласено мобилизација, но дека „порои можност за таков чекор“/

Порошенко нагласи дека Парламентот може денеска да воведе воена состојба што ќе ограничи граѓански слободи и ќе им даде на државните институции поголеми овластувања.

Порошенко ги повикал пратениците во Врховната рада да се јават на вонредна седница денеска и да го утврдат предлогот за воена состојба. Пред објавата на Порошенко, претседателот на Советот, Александар Тучинов нагласи дека воениот комитет е со став дека инцидентите во Азовското Море се акт на воена агресија.

Украина вечерва соопшти дека руската крајбрежна стража запленила три нивни бродови откако врз нив претходно отвориле оган.

Руската Федерална служба за безбедност потврди денеска дека нејзини бродови од гранична патрола заплениле три украински бродови во Црното Море кај Крим и употребиле оружје за да ги присилат да запрат.

Во инцидентот се повредени тројца украински војници. ФСБ наведува дека дејствувале затоа што украинските бродови илегално влегле во територијални води на Русија игнорирајќи предупредување да запрат.

Тие тврдат дека имаат докази дека Украина е одговорна за судирите меѓу руски и украински бродови во Црното Море.