Најмалку 20 авганистански полицајци се убиени во заседа на талибанци врз полициски конвој во провинцијата Фарах.

Во нападот се повредени четворица полицајци, меѓу кои и заменик началникот на провинциската полиција.

Конвојот патувал кон округот Лаш-ва-Џуан, каде требало да присуствува на церемонија за стапување на должност на новоименуван окружен полициски началник. Началникот, кој исто така се наоѓал во конвојот, загинал при нападот.