Портланд Трејлблејзерс забележаа победа во првиот меч што го одиграа во новата НБА сезона. Портланд славеше во дуелот со ЛА Лејкерс 128:119.

Леброн Џејмс го имаше дебито на официјален меч за Лејкерс и одлично влезе во дуелот. Тој ги раздвижи соиграчите во првиот период кои стигнаа до предност од 10 поени. Портланд успеа да се врати во мечот и првиот период да го заврши со позитива 34:31.
Моментумот од финишот на првата четвртина, домашните го префрлија и во втората кога стигнаа до двоцифрена предност, но овој пат Лејекрс беа тие што се врати во натпреварот.

Третата четвртина мина во израмнета, а во решавачкиот период разликата ја направија Демијан Лилард и Ник Стаускас, додека конечниот удар на Лејкерс им го зададе Си-Џеј Мекалум.

На крајот на Лејекрс не им помогна „дабл-дабл“ учинокот на Леброн Џејмс (26 поени, 12 скока). Портланд го предводеа Лилард со 28 поени, четири помалку уфрли Стаускас, а Мекалум постигна 21 кош.