Непознато лице одлучило да постави портрет на рускиот претседател Владимир Путин во зградата на Конгресот во Колорадо, каде требало да стои сликата на 45. претседател на САД, Доналд Трамп, пишува „Хафингтон пост“.
Според порталот, непознато лице го поставило портретот на Путин во златна рамка за време на собирањето донации за поставување портрет на Трамп.
Групата „Граѓани на Колорадо за култура“ собира донации со цел претседателските портрети да бидат поставени во зградата на Конгресот, но „Хафингтон пост“ наведува дека досега за Трамп не се собрани никакви финансии.
Порталот пишува дека за поставување на портретите на поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот и Барак Обама парите биле собрани за само четири месеци од нивните мандати.
Портретот на Путин бил отстранет од страна на еден од туристичките водачи.