Во 1623 година, неколку години пред Саломон да стане чичко на Јакоб ван Ројсдал, многу позначаен член на ова семејство на сликари, примен е во харлемскиот цех на сликари. Тогаш уште се викал Саломон де Гојер (од Гоиланд) .

Под новото име го споменува Самуел Ампцинг во својот„ Попис и хвалоспев на градот Харлем“ издаден во 1628 година.

Не се знае кај кого Ројсдал учел, но сигурно е дека на почетокот на него најмногу влијаеле Есајас ван де Велде и Питер де Молејн.

Бидејќи повеќето негови слики се датирани, не е тешко да се утврди неговиот развоен пат. Извесно време, со мотивите од реки и море, бил сличен на Ван Гојен, а во доцните години ги изендачил сликите во композициска смисла под влијание на драматичните пејсажи на внукот. Тогаш, при крајот, неочекувано го проширил тематскиот репертоар и со мртви природи.

Музејот во Будимпшта, каде се наоѓа и оваа слика, има девет негови слики. Најзначајна е оваа, која добро опишува каков бил неговиот харлемски стил на пејсажи во која конечно акцентот поминал од човекот кон природата.

Воздухот е како измиен, а во променливата светлост која продира од облаците, оживува песочната патека кон селото. На работ од селото, пред куќата, наполовина сокриена со ситно насликаните лиснати дрвја, застанала до врв натоварена кола.

Десно во сенка на крошната од дрвото се гледа силуета на јавачот, лево е напуштена селска количка. Се е така поставено и залудно е тука да се бара приказна.

Макс Фридлендер, кој секогаш ги наоѓал вистинските зборови, рекол дека времето кај сликите на Ван Гојен секогаш во навестува дожд, додека кај Ројсдал секогаш се чувствува дека дождот паѓал и дека свежиот ветар го однел.