Почина Оливер Драгојевиќ

/ 29.07.2018

Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина во Сплит во 71 година од животот. Тажната вест за смртта на музичката легенда ја соопшти неговото семејство.

Драгојевиќ зад себе остави бројни музички записи и имаше милиони обожаватели на просторите на поранешна Југославија.

Тој почина една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните како „Романца“ и „Опрости ми папе“.

 


Од истата категорија