Поскапувањето на лебот, кој се уште на овие простори е основен симбол за храна, најмногу ги погоди граѓаните во Македонија, кои денес јадат најскап леб на Западен Балкан.
Според графиката која ја објавуваме, може да се види дека Македонија јаде најскап леб кој чини 0,81 евро, а најевтин е во соседна Србија каде што се продава за 0,42 евра.
Лебот во Босна и Херцеговина сега чини 0,79 евра, во Црна Гора 0,75, во Албанија е 0,51 евро, а во Косово половина евро.