Во Србија во последните 24 часа се забележани уште 74 нови случаи на корнавирус. Нема починати.
Тестирани биле 5.513 лица.
На респиратори се 22 пациенти, како што беше случај и претходниот ден.
Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата сега достигна 33.312. Вкупно во таа земја од Ковид-19 починале 746 лица.