Според последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ, партијата освоила 47 пратенички места, исто толку – 47 пратеника добил и СДСМ, а според тие пресметки во парламентарниот состав влегуваат и ДУИ со 13, Алијанса со 10, Левица со 2 и ДПА 1 пратеник.
Според податоци, пак, од ДИК, од обработени 93,96 од падатоците коалиицијата на СДСМ освоила 36,13 отсто од гласовите, а за коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 34,65 отсто.
ДУИ освои 11, 57 отсто од гласовите, Алијанса за Албанците 8,79 отсто, Левица, 3,96 отсто, ДПА, 1,48, Интегра, 1,33 отсто од гласовите на избирачите.
Другите помали партии освоија мал процент гласови. ДИК соопшти дека вечерва нема да соопшти која партија колку мандати добила туку ќе го чека целосното пребројување на гласовите.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во моментот прогласи победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори. Тој од изборниот штаб на партијата, под отворено небо, се обрати пред јавноста.
-Можеме и тоа како можеме! Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност со над 3 пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за уште повеќе од еден или два мандати, истакна Заев.