Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители, односно старатели поради то што по сила на околностите, а против сопствената волја, морав да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станав соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.

Вака пишува во својата објава на Фејсбук професорот Томе Постолов Македонски.

– Во иста ситуација се наоѓаат илјадници наставници и професори кои мораат да го сторат истото, со што на индиректен начин, спротивно на нивната волја ја признаваат дивата „северна“ творба, која патем да спомнам е создадена на крајно нелигитимен начин од страна на актуелната влада, не прифаќајќи ги резултатите од референдумското изјаснување. Мојата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Вложував силни напори и покрај огромниот притисок кој го имав од страна на власта со омаловажувања, шиканирања, вербална тортура, полициска посета дома и во училиштето, распит во полиција со привремено одземање на телефонот (и по 8 месеци се уште е таму), па до притисок од владејачката партија за одземање и на раб.место. Сметам дека на крајот на оваа учебна година на илјадници и илјадници ученици во основното и во средното образование, како и на факултетите им се нанесува тежок удар со несогледливи последици по општиот национален нивен интерес во иднина.

Македонија вечна, го завршува постот професорот Постолов.