Поткуп во Пензионерскиот дом во Аеродром и во Битола

/ 29.10.2021

Масовен обид за поткуп се случува денеска во Пензионерскиот дом Аеродром. Како што може да се види и слушне од видеата кои стигнале до редакцијата на Курир, вработени во ПИОМ со кеси намирници но и со пари се обидуваат да извршат поткуп.

Имено, покрај парите и кесите со намирници, вработените на ПИОМ делат и програми за Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник за Скопје на СДСМ. Материјалите биле донесени со автомобил марка Форд од страна на самите вработени на ПИОМ.

Oва не е прв случај за обид за поткуп од страна на членови на СДСМ, пишува порталот.

ЕВЕ КАКО СЕ ВРШИ ПОТКУП ВО БИТОЛА – пред 15 минути брат на еден од советниците на СДСМ во општината црни вреќи товари во багажникот

Истиот портал пишува дека поткуп вечерва се случува во Битола.

Според видео снимката до која дојде КУРИР се гледа како брат на еден од советниците на СДСМ во општината Битола се префрла преку ограда во ЈП Комуналец во Битола, а потоа товари црни вреќи во возилото.


Од истата категорија