Жално е што другата страна форсира национализам и тоа го прават само подолго да се одржат на власт. Кога викаат дека не го давале Кичево на Македонец е жално, јас сум во брак со Албанка, децата пола ми се Албанци и во чии раце ќе го остават градот? Таква реторика користат за да го доведат народот во заблуда, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски на ТВ АЛФА.

Јовановски потенцира дека ДУИ се прават патриоти и како се борат за повисока цел, а всушност се борат за една гола власт и да продолжат да крадат и лажат и доказ за тоа како се однесуваат со останатите жители на Кичево.

– Денеска ги посетив населбите со ромско население, затоа што сите имаат право на еднакви можности, а тие денеска живеат во ужасни услови во Кичево, полошо од „Трст виа Скопје“. Фекалии течат по улици, немаат струја и вода, децата голи и боси им шетаат, рече Јовановски.

Тој додава дека сите граѓани во Кичево го познаваат, како сум доктор, а во кампањата сфатија дека кога оди кај нив гледа како живеат за да може да им помогне.

– Градоначалничката функција и победата ја гледам како обврска. Постојано ќе одам кај нив да им помагам за проблемите, а не тие мене да ми доаѓаат, рече Јовановски.