Потписите ги откриваат тајните на Меган Маркл, Трамп, Закерберг…’ Графолозите тврдат дека нашиот ракопис открива многу за нас и говори за нашиот нарав, навики и карактер. Поттикнати од автограмот што војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го даде на еден свој обожавател,„Дејли Меил“ објави анализа на потписите на неколку светски познати личности.

Непишано правило е членовите на британското кралско семејство да не даваат автограми, за тие потоа да не станат предмет на продажба, или пак да бидат фалсификувани. Обично исклучоците од тоа правило се случуваат несакајќи и од невнимание, но тоа отвори можност за анализа на најновата членка на кралското семејство.

Според експертите за ракопис, Меган Меган е романтична, страствена и посветена жена која и во деновите кога не е во најдобро расположение, знае да го прикрие тоа со својата позитивност.

Пејачката Адел пак, според нејзиниот потпис, исто така е позитивна, емотивна личност која сонува за совршената љубов. Таа цели високо, но постојано е приземна.

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг е оригинален креативец, но честопати во потфатите му треба поддршка и поттик од блиските.

Британската премиерка Тереза Меј е полна со гордост и достоинство, но понекогаш сака и да се истакне како центар на вниманието. Слично е и со Борис Џонсон, кој сепак е оквалификуван и како одговорен политичар. Американскиот претседател Доналд Трамп пак, според потписот, е „алфа мажјак“, свесен за својата моќ, како и нарцисоиден, сметаат британските графолози.