Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска би требало во колумбискиот главен град Богота да има состанок со лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо кого САД и уште 50 држави го признаа како привремен претседател на Венецуела.

Според неименуван советник на Пенс, планирано е состанокот на Пенс и Гваидо да биде одржан на маргините на самитот на регионални лидери од „Групата од Лима“.

Гваидо и самиот потврди за состанок со Пенс и нагласи дека вонредната средба на „Групата од Лима“, во која се јужноамерикански држави во кои се на власт конзервативци, е свикана за да се разговара за кризата во Венецуела.