Полицијата добила пријава дека 21-годишната Енкеледа Чела од Албанија е исчезната. Оттаму посочуваат дека полицијата веќе има потрага по неа.
„На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР за „Скопје1“.
Според апелот, таа е облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.
„Поседен пат е видена во сабота сабајле на бензиска пумпа во населба Илинден. Доколку некој ја видел девојката ве молам пријавете во најблиската полициска станица“, стои во апелот.
21-годишната Енкеледа, која во Скопје студирала на Економскиот факултет е исчезната од ноќта петок кон сабота. Информациите дека ја нема девојката ги споделија нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија.
Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и 01 часот излегла да прошета на кејот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела. Не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.
Случајот е пријавен во полиција. Според пријателите на Чела МВР в понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката.
Според информациите што за А1он ги дадоа нејзините пријатели, телефонот и е исклучен, личната карта и е дома, но претпоставуваат дека пасошот и бил во ранецот кој го носела со себе.
Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на горните заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми. Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.