Богдан ИЛИЕВСКИ
Убав ден да се потсетиме на не толку далечното минато.
Годината е 2012
СДСМ протестира против преименување улици (Собрание на Град Скопје). Скандираат и советниците на СДСМ и нивните членови пред објектот: „Бугари, Бугари“. Тврдат дека немало да дозволат промена на идентитетот. Има „малку кршење џамови“ при обид за насилен влез во Град Скопје, бидејќи советниците си поканиле граѓани да влезат… Немаше санкционирани.
Годината е 2020.
СДСМ се „Бугарите“ кои пежоративно ги скандираа пред 8 години. Не се преименија улици, туку државата. Идентитетот стана шеќерна волна, продаваат национална историја како на сточен пазар. Осудија луѓе на затворски казни (ефективни и условни) за протест пред општина идентичен на нивниот.
Да не заборавите!
(Инаку, погледнете како во ова учествува и Горан Мисовски, а ако не се лажеме, присутен е и актуелниот градоначалник на општина Горче Петров, Наумовски. За паралелата со настаните во општина Центар поради кој денеска е осуден Груевски на 1,5 година затвор, веројатно не треба ни да зборуваме)