Во Хрватска е потврден шестиот случај на Ковид-19 кај маж од Риека, кој бил во близок контакт со претходно заразените луѓе во тој град.

Според хрватски „Индекс“, станува збор за братот на жената која се заразила од својот сопруг. Сите тие се во добра здравствена состојба и имаат поблаги симптоми.

– Досега имаме 176 тестирани, два наоди сè уште се очекуваат. Имаме уште еден позитивен наод. Станува збор за близок контакт на пациенти од Риека. Значи, сè е под контрола, не се шири вирусот како што се проширува во Европа, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош.