Коронавирус е утврден кај 62 вработени во кланица на данската компанија за преработка на месо Даниш Краун (Danish Crown), јави ДПА.

Досега се тестирани речиси 600 од 900 вработени во компанијата во данскиот град Рингстед. Останатите 300 ќе бидат тестирани во понеделник доколку не се на одмор.

Даниш Краун минатата недела беше известена за првиот случај на коронавирус меѓу работниците во Рингстед.