По објавувањето на бомбастичната вест дека градоначалникот на Солун се сели во стан кој е во сопственост на македонски бизнисмен, многу близок партнер со премиерот Зоран Заев, новинарот на Тессњуз, Христос Николаидис, кој ја откри приказната, објави нови многу интересни и важни детаљи на врските меѓу македонскиот премиер и солунскиот градоначалник.
Според новинарот, Бутарис успеал да влезе во политичките кругови на Скопје претходно воспоставувајќи добри односи и сега ги претставува бизнис интересите на Заев.
Сега тоа се гледа – Бутарис рентал луксузен апартман на улицата „Света Софија“ во мај годинава, откако се иселил од стариот стан кој бил во сопственот на Митрополијата, но бил премал за новото семејство. Новата партнерка на Бутарис во нивната врска ги носи и нејзините деца.
„Но, овој апартман не припаѓа кому било, туку на господин Горан Крастев бизнисмен од Струмица, град каде Заев беше градоначалник. Четири години Крастев работел во Солун и на Халкидики во градежен сектор како изведувач. Тој е косопственик на три фирми со семејството Заеви“, пишува Тессњуз.
Според написот, Крастев поседува бугарски пасош со место на живеење во Петрич. Тој е косопственик на фирмата „Сара-Јавор енгинеринг ЛЛЦ Струмица“ заедно со братот на Заев, Вице Заев, со кого имаат уште една задничка фирма. Бутарис живее во апартман кој бизнисменот го купил од познат солунчанец. Всушност, како што се објаснува во истражувачката сторија, станува збор за два апартмани кои се споени.Според документите, солунскиот градоначалник за луксузот ќе плаќа 1.500 евра месечна кирија.
Во написот се подвлекуваат бизнис врските меѓу Бутарис и Заеви, као и прашањето зошто тие недвижнини што ги имаат Крастев и Заеви се продадени под пазарната вредност.Дали Бутарис си работел за личен интере?, прашува новинарот.