Жена во брак, мајка на две деца, останала без 15.000 долари, откако измамник успеал да ја наведе да мисли дека по неа се залетал Крис Хемсворт.

Руинката (42) од градот Иркутск, почнала да прима пораки на социјалните мрежи од човек кој и се претставил како Крис Хемсворт и ја убедил да се подигне кредит од 15.000 долари. Тој и рекол дека парите му требаат за да го плати паркирањето на својот приватен авион на локален аеродром и дека сака романтична авантура со неа.

„Не сум му обожавателка, но тој е многу привлечен човек. Прочитав на интернет дека е оженет и има три деца. Мислев дека сме во иста ситуација: оженет, но сепак осамен”, изјави таа за локалните медиуми.

Исто така, ѝ се јавило лице кое се претставило ако адвокат на актерот, со кого се договорила за деталите за исплатата.

„Тој и рекол дека „Крис“ се нашол во неволја и дека треба да му уплати пари на кредитна картичка, за осигурување и паркирање на авионот. Како гаранција дека ќе и ги врати парите, ѝ испратил копија од возачката дозвола на актерот”, изјави полициски извор.

По извршената уплата, измамникот едноставно го избришал лажниот профил од кој и се јавил.