Полицаец бил повреден од удар со возило при обид за апсење на осудено лице на казна затвор.
Како што информира МВР, настанот се на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, вчера околу 21:45 часот кога од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземани мерки за приведување на лицето Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело убиство.
Откако лицето било забележано на наведената улица како совозач во патничко моторно возило „фолксваген-пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, при што непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицискиот службеник и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено.
Тогаш Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник, а полицаецот од службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото.
На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.