Дополнително лекување било потребно за двајца членови на екипажот од товарниот борд под либериско знаме што утрово пловеше без контрола во морето меѓу грчките острови Лезбос и Скирос.

Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека сите членови на екипажот, вкупно 14 лица, биле успешно спасени и пренесени во болница, а двајца биле задржани на дополнително лекување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради проблем со моторот, товарниот брод пловел без контрола, а лошите временски услови во комбинација со големината и тежината на товарот предизвикале навалување на бродот за 30 степени, по што капетанот побарал од екипажот да го напушти бродот.

Во спасувачката акција под ложи временски услови и многу силен ветер, учествувале седум бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција, два хеликоптери „Супер пума“ на грчкото воено воздухопловство и еден хеликоптер на воената морнарица.