Актуелниот пратеник и висок функционер на СДСМ и поранешен новинар и уредник на ТВ Алсат-М, Мухамед Заќири синоќа се ожени по втор пат со неговата колешка Бисера Јордановска, објавија албанските медиуми во Македонија.

Зекири со неговата избраничка биле долго време во врска, а вчера ја крунисаа со брак.

На свадбената церемонија имало повеќе познати личности, а меѓу нив беше и премиерот и партиски лидер Зоран Заев.

Закири претходно беше во брак од кој има и две деца. Неговата сопруга е Бисера Јордановска која е поранешна директорка на „Алсат М“ телевизија.

Венчавката била во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжиле и со свадбена веселба. Кум на свадбата бил Заев, а кума неговата сопруга Зорица Заева.

На свадбата поканет бил и претседателот Стево Пендаровски, а меѓу сватовите и сватиците биле и министерките и министрите Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Рената Дескоска и други.

И на Зекири и на Јордановска ова им е втор брак.