Втора недела учениците немаат учебници, власта осакати цели генерации, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Секоја година со СДС и ДУИ на власт нема учебници и по неколку месеци.
Учениците наместо книги како материјал за учење добиваат скрипти, како што беше примерот минатата година.
Основните работи кои власта треба да ги обезбеди во образованието како учебници и свидетелства со СДС и ДУИ станаа луксуз.
Нејасно е што прави власта цела година, неколку години по ред, и како еднаш не го погодија времето кога треба да бидат спремни учебниците.
Со СДС и ДУИ образованието пропаѓа од ден во ден, потребни се промени, грешките и пропустите кои ги прават се катастрофални за Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.