Наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира, реагира денеска со соопштение владејачкиот СДСМ, притоа обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека „им ја попречувало истрагата“.

Вопродолжение целото соопштение од СДСМ:

Истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции. Министерството за внатрешни работи и обвинителството, за прв пат во 20 години влегоа на Онкологија и започна расчистување.

ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка.

Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ.

Наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност.

Тоа потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија со грозоморната шема воспоставена пред многу години.

Центар за односи со јавноста на СДСМ