Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е блиску до преминување во Фиорентина на позајмица, објави „Марка“.

Според шпанскиот спортски весник, преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза. Договорот сЕ уште не е постигнат, но двете страни се оптимисти за позитивен исход.

Јовиќ му се приклучи на Реал Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт во 2019 година. Минатата сезона српскиот напаѓач настапи на 19 натпревари, постигна еден гол и забележа три асистенции.

Договорот на Јовиќ со мадридскиот клуб е до 30 јуни 2025 година.

Фиорентина сака Реал Мадрид да учествува во дел од платата на 24-годишниот српски интернационалец.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 16 милиони евра.