Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа синоќа Бостон на гостински терен со 103-90 и со триумф од 4-2 во финалната серија освоија нова шампионска титула во НБА лигата, а Стеф Кари е прогласен за најкорисен играч во финалето.

За Голден Стејт ова е четврти шампионски прстен во последните осум НБА сезони, а вкупно седма титула за франшизата основана во Филаделфија во 1948 година, како еден од изворните тимови во НБА. Голден Стејт, воедно, ја освои титулата и во премиерната сезона (1946/47) во Лигата.

Ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, го предводеше својот тим до победата во шестиот натпревар од финалната серија со 34 поени, седум асистенции и седум скокови, и едногласно беше прогласен за МВП на финалето.

– Толку многу сум горд на нашата екипа. На почетокот на сезоната никој не мислеше дека ќе бидеме тука, освен ние самите, изјави емотивниот Кари по триумфот.