Пожар избувна во постројка за производство на електрична енергија и десалинизација на вода во Кувајт по иранскиот напад, соопшти денеска Министерството за електрична енергија, вода и обновлива енергија на земјата.

Надлежното министерство изјави дека поради инцидентот, неколку единици за производство на електрична енергија се исклучени.

Напорите за локализирање на пожарот и извршување на поправки се во тек, се додава во соопштението.