Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица денеска успешно интервенирала при пожар што избувнал во атарот на селото Добрејци.
Како што информираат од ТППЕ Струмица, интервенцијата започнала во 13:45 часот, кога три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители биле ангажирани на гаснење на запалени стрништа и сува трева.
Благодарение на брзата реакција на екипите, пожарот бил навреме локализиран, со што било спречено неговото понатамошно ширење и предизвикување на поголема материјална штета.
Од ТППЕ Струмица воедно информираат дека во периодот од 18 до 26 јули реализирале и акција за перење на повеќе улици и булевари во градот. Акцијата опфатила дел од најфреквентните сообраќајници, меѓу кои булеварите „Балканска“, „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“ и „Ленинова“, како и улиците „11 Октомври“, „Ванчо Китанов“, „Мајка Тереза“, „Кољо Орцев“, „Тоше Проески“, „Моша Пијаде“, „Наум Наумовски Борче“, „Ѓуро Салај“, „Димитар Влахов“, „Дојранска“, „15-ти Мај“, „22 Декември“, „Браќа Миладиновци“, „Братство Единство“, „4 Јули“ и „Сандо Масев“.
Од единицата порачуваат дека остануваат посветени на безбедноста и грижата за граѓаните, истакнувајќи дека ТППЕ Струмица е секогаш во нивна служба.




