Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години, сите од Охрид. Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“.

На 17.08.2019 година во 19,05 часот било пријавено дека на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Граничниот премин „Деве Баир“, кај место викано .„Долна маала“-с.Узем, во движење се запалило товарно моторно возило „Даф“ со бугарски национални ознаки, управувано од Л.С.В.(56) од Бугарија. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

На 17.08.2019 околу 22,40 часот од полициски службеници од СВР Тетово во близина на пругата пред излез од с.Г.Седларце затекнато било лицето Р.И. (18) од истото село и при преглед кај него била пронајдена марихуана. Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

На 17.08.2019 во 20,30 часот во СВР Куманово М.Б.(56) од Куманово пријавил дека на 16.08.2019 година околу 11,30 часот во канцеларија во средното училиште „Перо Наков“ по завршување на состанокот бил физички нападнат од Ф.А. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.08.2019 во 03,35 часот во с.Трубарево-скопско пред угостителски објект Д.А.(32) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеник при преземање службени дејствија. Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок