Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација. Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории. Бригадата за противпожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.
Пожарот попладнево е изгаснат, изјави за МИА командирот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томевски.
Во гаснење на пожарот е интервенирано со 12 пожарникари и со пет возила.
Во пожарот, кој во полицијата бил пријавен околу 14:00 часот, беше зафатена кровната конструкција, потврди директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Повредени лица нема, а според првичните информации причина за пожарот е застарената електрична инсталација.
Лицата од приемното одделение во моментот на пожарот биле префрлени во други простории.