Шумскиот пожар кој ноќеска беше ставен под контрола денеска повторно се разгоре и го загрозува кичевскиот манастир Св. Богородица Пречиста, објави порталот Порта.

Пламените јазици кои ноќеска беа ставени во мирување во атарот на селото Манастирско Доленци се реактивираа и се директна закана бидејќи истите може да бидат катастрофални за манастирот Св.Богородица – Пречиста, објавува кичевскиот портал.

Поради непристапниот терен не може ефикасно да дејствуваат противпожарни возила, па се замолуваат сите лица да понесат алат за гаснење пожар и да помогнат во акцијата во атарот на селото за да не се дозволи пожарот да се прошири и да направи штета во огромни размери.