Најмалку едно лице загина како последица на голем пожар во хипермаркетот ОБИ, кој се наоѓа во трговскиот центар Мега Химки во Московската област.
Според последните податоци, пожарот, кој зафати површина од 18 илјади метри квадратни метри, локализиран е на седум илјади квадратни метри, јави руската агенција ТАСС, дополнувајќи дека е планирано во гаснењето на пожарот да биде вклучена и авијацијата.
Руските медиуми посочуваат дека се слушнале експлозии, за кои се верува дека се од конзерви со боја и лакови, но и плински боци. ТАСС посочува дека по експлозијата почнала да се урива конструкцијата на објектот, по што хипермаркетот е речиси целосно уништен.
Во гаснењето се вклучени повеќе од 70 луѓе и 20 единици техника, а наскоро е планирано вклучување и на авијацијата. Гаснењето на пожарот е комплицирано поради структурата на зградата и големото запаливо оптоварување.
Главната верзија за причината на пожарот е краток спој. Според итните служби, пожарот настанал при заварување во доградба до зградата. Работниците ја напуштиле зградата не можејќи да го изгаснат пожарот, наведува ТАСС.
Обвинителството на Московскиот регион започна истрага за причините за пожарот, а обвинителот Химок Денис Андреев замина на местото на настанот.
Штетата од пожарот може да достигне 20-30 милијарди рубли (1 рубља=0,015 евра).